ФОТО: Снимки од Меланија на свадбата со Доналд Трамп пред 16 години - венчаницата и тежела 25 килограми и имала 91 метар свила

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп на 22 јануари прославија 16 години брак.

Бракот со убавата Словенка на Доналд му е трет по ред, после неуспшните бракови со Ивана и Марлом Мејплс.

Melanija Tramp

Судбоносното „да“ го изговорија на Палм Бич на Флорида во 2005 година, а на целата церемонија биле потрошени над милион долари.

Меланија на свадбата носела раскошѓен фустан со потпис на Џон Галијано, кој во тоа време работел за престижната модна куќа Диор. Блескаво белата венчаница била тешка 25 килограми, а имала дури 91 метар свила. Венчаницата која чинела 100 илјади долари завршила на страницата на Вог. Околу нејзиниот врат блескало и брилијантно ланче.

Меланија истакнала дека самата ја организирала целата церемонија.

Интересно е што немала класичен бидермаер, туку семејно наследство во вид на бели рози.

Екстравагантната свадбена торта имала дури 7 спрата и била висока метар ипол.

Доналд и Меланија тогаш стапиле во брак после 7 години врска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега