ФОТО: Снег вечерва во Македонија - зимска идила на неколку места во земјава

Врнежи од снег вечерва се забележани на повисоките предели во Македонија.

Откако попладнево забеле македонскиот град Крушево, а снегот направи и проблеми на планинските премини Ѓавато и Плетвар, вечерва непрестанато врне снег и во најпознатите ски- центри во земјава.

Маврово вечерва речиси е бело, додека снег без престан врне на Попова Шапка.

Снежна идила веќе има во ски центарот Нижеполе во Стрежево, Битолско.

Преодно стабилизирање УХМР најавува за утре, а во петок кон крајот на денот и во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега