Возачите кои се движат на патниот правец преку превојот Стража треба да бидат внимателни. На оваа делница има појава на снег.

Иако патот е прооден и коловозот е чист, возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да го држат растојанието помеѓу возилата и да не прават нагли маневри.
Доколку планирате патување на оваа релација, возете внимателно и следете ја сообраќајната сигнализација.