ФОТО: Сите клучеви од службените коли кај мене на биро - новиот градоначалник не дозволува злоупотреба на службените возила

Никој повеќе нема право да ги злоупотребува службените возила во приватни цели.

Од денес, клучевите на сите службени возила ќе бидат под строга контрола и ќе се користат исклучиво во корист на граѓаните, доста беше од бесцелно трошење на парите на граѓаните.

Воедно, од денес, како што ветив во предизборната кампања, јас нема да користам службено возило и репрезентација, а тие пари ќе бидат пренаменети во реконструкција на градинки, училишта и детски игралишта.

Затоа што, Кисела Вода мора да биде општина од 21-ви век. Општина за сите луѓе!

28.10.2021 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа