ФОТО: Силно невреме во Неготино - улиците се претворија во реки
Невреме го зафати Неготино вчера попладнето. Дел од улиците во градот се поплавени.
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Иле Илиев потврди за МИА дека на одредени места има потреба од извлекување вода со пумпи и дека ќе се интервенира на терен.
На 6 јули 1995 година градот беше зафатен од голема поплава. Вчерашното невреме се случи всушност, ден пред 25-годишнината од последната голема поплава во Неготино.
На Фејсбук страницата „Патувам низ Македонија“ беа објавени фотографии од вчерашното невреме:
06.07.2020 - 08:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа