ФОТО: Силјановска се огласи за шегата на нејзина сметка

Гордана Силјановска Давкова се огласи на Фејсбук и сподели шега која ја видела за себе, поврзана со серијата „Game of thrones".

- Некој добро се пошегувал споредувајќи ја актуелната серија Game of Thrones со политичката ситуација во Македонија.

Мене ме споредуваат со Тyrion Lannister, џуџе, но човек со изразени интелектуални способности, кој покажува изразена интелигенција и чувство за правда...

На друга страна, фановите на GOT го препознаа Стево како Stannis Baratheon, некој кој верува дека позицијата му е загарантирана и дадена од Бога..и подготвен е да жртвува се за престолот...

Уживајте во продолжението на Game of Thrones и изборната кампања, напиша таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2019 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега