ФОТО: Силен земјотрес ја погоди Грција

 

Силен земјотрес денеска ја погоди Грција, а епицентарот бил недалеку од островот Самос.

Според првичните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, а 14 минути подоцна, во 13 часот и 10 минути е забележан и втор земјотрес со јачина од 5,2 степени.Третиот земјотрес се случил во 13 часот и 19 минути, јавуваат грчките медиуми.

Засега нема информации за материјална штета и повредени.

Епицентарот бил на 14 километри југозападно од Питагора.

31.08.2022 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега