ФОТО: Шок-бомба најдена во вреќа со отпад во Ѓорче

Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ извршувајќи ги своите работни активности денеска во Општина Ѓорче Петров пронашле шок-бомба во вреќа со отпад.

Како што соопштија од Јавното претпријатие, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во исфрлена вреќа со отпад на улицата Македонска преродба во скопската општина Ѓорче Петров, забележале шок-бомба. Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веднаш интервенирала, при што е констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи, за што била информирана и Полицијата којашто извршила увид на местото на настанот.

Од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелираат до граѓаните заедно со својот комунален отпад никогаш да не исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, коишто можат сериозно да го загрозат здравјето на вработените во Претпријатието коишто секојдневно се во контакт со отпадот при извршувањето на своите работни задачи. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега