ФОТО: Серхио Рамос ја побара за жена 8 години постарата Пилар

 

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос ја побара за жена 8 години постарата водителка Пилар Рубио со која има три деца. Веста ја споделија двајцата, а објавија иста фотографија од романтичната вечера и свршеничкиот прстен на водителката. 32-годишниот фудбалер на „Реал Мадрид“ и Пилар се во врска од 2012 година. Првото дете, синот Серхио, се роди во 2014 година, вториот син Марко го добија во 2015 година, а Алехандро е роден во март оваа година. Двојката во моментот е на летување со своите три деца. 

 

 

 

17.07.2018 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа