ФОТО: Се засилува црната кампања против Данела Арсовска

Црната кампања против кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска станува се побрутална во пресрет на гласањето во недела. Од утрово повеќе билборди низ Скопје на кои беа поставени нејзините пораки се прелепени и оштетени. Очекувано, МВР молчи. Од полицијата утрово не може да се добијат информации дали во текот на ноќта привеле некое лице кое ги оштетувало билбордите, за разлика од Тетово, каде полицијата практично на дело ги фати лицата кои ги уништуваат билбордите на кандидатите кои беа дел од владејачката коалиција.

Покрај оштетените билборди, утрово во сандачињата на скопјани беа ставани и флаери на кои може да се види бугарски документ на кој стои има Даниела Арсовска и кој владејчката СДСМ го извади на прес конференција на почетокот на неделава.
Во првиот круг од локалните избори, независната кандидатка Данела Арсовска практично ја прегази конкуренцијата. Таа имаше најголем број на освоени гласови и дури 8.000 повеќе од Петре Шилегов, кандидатот на владејачката коалиција.


Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се изненадени од црната кампања која се води против Арсовска бидејќи како што велат, таа само говори за паниката која владее во владејачките редови, бидејќи според нив, вакви чекори се повлекуваат тогаш кога е извесно дека ги губите изборите.

АС

28.10.2021 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега