ФОТО: Се славеше во домот на хероината од „Медена земја“ - реновирана куќата на Атиџе

Конечно една убава вест. Реновирањето на куќата на хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова е завршено.

Убавите вести на социјалните мрежи ги сподели водителката Сузана Турунџиева која во последно време постојано е во друштво на Атиџе.

„Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дуда и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел - да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме...“, напиша Сузана Турунџиева.

За реновирањето на домот се собираа донации од хуманите луѓе.

Погледнете ги фотографиите:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа