(ФОТО) Се огласи Тренчевска по средбата со СОНК: Ќе се формира работна група за нов Колективен договор

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика. На средбата се разговараше за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не беше отворена дискусија. Исто така, се отвори и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.  

На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и оедно се договори следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.

Страните разговараа и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни. Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување.

 

 

12.05.2022 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега