ФОТО: Се огласи и сопругата на Рамуш Харадинај - и таа ја сподели објавата за неговата оставка

Информацијата дека Харадинај поднел оставка од позицијата премиер од привремените приштински институции, ја објави и неговата сопруга на асвојот Фејсбук профил.

Анита Харадинај ја објавила изјавата на Харадинај од конференцијата за новинари, на која соопштил дека ќе поднесе неотповиклива оставка поради тоа што добил повик од Специјалниот суд во Хаг, формиран за истрага и процесуирање на одговорни поранешни припадници на ОВК за воени злосторства.

Харадинај рекол дека повикот за сослушување го добил денеска, а дека за датумот на сослушувањето ќе биде известен дополнително.

Премиерот во оставка е во брак со русокосата новинарка на РТК Анита Муцај од 2003 година, од која наводно бил маѓепсан кога дошла да го интервјуира уште како лидер на ОВК.

Меѓутоа, Рамуш тогаш бил во брак со Јоана Карлсон од Финска, со која го има синотт Шкељзен. Ја запознал на вратата од ноќниот клуб каде работел како обезбедување. Таа љубовна приказна завршила во 2001 година наводно на инсистирање на Рамуш.

Што потоа се случило, никој не знае, а потоа следувала „судбинската3 средба со Анита, со која денес има 3 деца - два сина и една ќерка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2019 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега