ФОТО: Сара во Будва на 34 степени се појавила затегната во латекс - покажала и како изгледала пред и потоа
Пејачката Сара Јовановиќ овој викенд имала дневен настап во врелата Будва и за таа прилика облекла костим за капење и шорц од латекс.
Иако изгледала бомбастично, на Сара сигурно не ѝ било пријатно да танцува и да пее во оваа комбинација на 34 степени, но настапот го одработила како вистински професионалец, пишуваат српските медиуми.
На Инстаграм таа споделила и снимки од настапот, а со фановите споделила и како изгледала кога се завршило.
Цела испотена, со размачкана шминка и пешкир, Сара им се заблагодарила на сите кои биле на нејзиниот настап по врелите температури.
12.08.2019 - 19:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа