ФОТО: Родила 4 деца и има 69 години - сега го покажа тенкиот струк и стомачните, откри што јаде секој ден

Актерката Џејн Сејмур која публиката ја знае по бројните тв серии, а беше една од Бонд-девојките, за неколку месеци ќе наполни 70 години, а изгледа идентично добро како и во младоста.

Неодамна на својот Инстаграм профил сподели фотографија во опрема за вежбање и предизвика големо внимание и реакции. Нејзините следбеници на социјалната мрежа не го криеја воодушевувањето од тоа како се негува и внимава на својот изглед, посочувајќи дека таа им е вистинска инспирација.

Со фантастичен струк и нагласени облини, цврсто тело, Сејмур изгледа одлично што и да облече.

Актерката неодамна изјави дка нејзиниот начин на исхрана најмногу се базира на пилешко и зеленчук, а исто така посочи дека строга диета никогаш не дава успех.

„Умереноста е мојот трик. Кога ќе си речам: „ОК, можеш да го изедеш и тоа парче колач, но не цело“ и тоа поминува кај мене“, открива актерката, која редовно и вежба.

Два пати неделно по 20 минути, Џејн практикува комбинација и пилатес, „gyrotonics“ и т.н. „The Perfect Workout“, кој вклучува и кревање на мали тегови, со мали тежини.T

Вели дека дружењето со внуците ја опушта најмногу.

„Ме смирува и звукот на бранови. Секогаш најдете време за себе и уживајте во тие мали, но убави мигови кои ќе ја хранат вашата душа“, вели Семјур која инаку е мајка на четири деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега