Двајца припадници на Националната гарда се ранети на неколку блока од Белата куќа во Вашингтон.
Полицијата вели дека осомничениот е приведен и дека местото на инцидентот е обезбедено, објавува Би-Би-Си.
Претседателот Доналд Трамп е информиран за пукањето, изјави портпаролката Каролин Ливит во соопштението.
„Белата куќа е свесна за оваа трагична ситуација и активно ја следи. Претседателот е информиран“, рече Ливит.
Војници на Националната гарда од неколку држави се наоѓаат во Вашингтон со месеци како дел од мерките на претседателот против криминалот во главниот град, кои оттогаш се проширија и во други градови низ земјата.
Двајца припадници на Националната гарда беа застрелани во Вашингтон, само на неколку блока од Белата куќа, според секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем.
„Ве молам, придружете ми се во молитвата за двајцата членови на Националната гарда кои беа застрелани во Вашингтон пред само неколку моменти“, објави таа на X.
A disturbing photo shows one of the two National Guard members shot near the White House. The condition of both soldiers is currently unknown. pic.twitter.com/yD3qFJEGQW
— Breaking911 (@Breaking911) November 26, 2025

