ФОТО: Путин доби на подарок ново милениче од саудискиот крал

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Ријад на саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал Сауд му подарил сокол од Камчатка.

– Ова е многу добар сокол. На Камчатка правиме центар за одгледување на соколи – рекол Путин во таа прилика.

Кралот Салман му се заблагодарил на рускиот претседател и за возврат му подарил една слика, пренесува ТАСС.

Извори од руската делегација истакнале дека соколот бил истрениран, како и тоа дека станува збор за женка по име Алфа.

– Саудиската страна ќе биде слободна да и одбере ново име на птицата – соопштил тој извор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега