ФОТО: Прва фотографија по нападот во Ница - убиецот ѝ ја отсекол главата на својата жртва

Во близина на црквата во Ница се случил напад со нож, а како што се наведува, две лица загинале, а има повеќе повредени.

Некои медиуми пренеле дека една од жртвите е обезглавена, но засега нема потврда. 

На фотографијата која е објавена на Твитер се гледаат турнати столчиња во црквата и се наведува дека неколку лица се повредени.

Како што понатаму се наведува во твитот, напаѓачот наводно постапил според пораките кои овие денови доаѓале од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и Иран.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, ги потврдил наводите дека напаѓачот е приведен и и се заблагодарил на полицијата на брзиот одговор.

„На лице место сум со полицијата. Потврдувам дека се сугерира на терористички напад кај базиликата", рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега