ФОТО: Прва фотографија од Чедо Јовановиќ во болница - „Уморен сум, кислородот ме спаси и сè уште ми е неопходен“

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, кој беше примен во болница во Белград со тешка пневмонија, на „Твитер“ објави слика од болницата и откри дека здравствената состојба му е малку подобра. Откако беше однесен во болница, му беше направен и тест на корона, кој се покажа позитивен.

„Уморен сум. Го прекинавме ширењето на пневмонијата за време на викендот, кислородот ме спаси и сè уште ми е неопходен за да ги одморам белите дробови колку што е можно повеќе, оти се борат со вирусот. Полека ја намалуваме температурата и го смируваме крвниот притисок“, напиша 49-годишниот политичар и додаде:

„Лекарите се постојано со мене и на секоја промена регираат со модификација на терапијата. Втора ноќ по ред со нивна поддршка успеав да отспијам неколку часа, бидејќи најдоа решение за болките кои ме убиваа цела недела“, напиша тој.

Тој е во болница од 30 јуни поради тешка пневмонија. Првин бил примен во КБЦ „Бежаниска коса“, а по три дена, поради влошување на состојбата, бил пренесен на Клиниката за инфективни болести во Белград. Медиумите тогаш јавија дека е на кислородна поддршка и дека е сериозно болен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега