ДИЖС соопшти дека е забележана угината единка Балкански Рис (Lynx lynx), возрасна женка.

Балканскиот рис е забележан денеска околу 06.00 часот на патот Охрид – Ресен, на патот кај с. Буково.

Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина.

Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје, соопшти ДИЖС.

Exit mobile version