ФОТО: Прекрасна вест пристигна од Зоолошката градина во Скопје - голема радост за сите

Преку својата официјална Фејсбук страна од Зоолошката градина соопштија прекрасна вест.

„Неделна радост во Скопје Зоо- Имаме бебе лемур

Прстенопашестите лемури се загрозен вид и во природата се останати само околу 2200-2400 лемури.
Нашата зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот.
Колку за споредба, минатата година се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Москва и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија.
Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид.
Заедно со сите вас, да ја покренеме свеста за овие прекрасни и уникатни животни од Мадагаскар“, пишува на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2021 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега