ФОТО: Пред 29 години светот ги запозна овие две девојчиња - денес се возрасни жени и се успешни во кариерата

Пред 29 години на свед дојдоа овие сијамски близначки за кои зборуваше целиот свет и за кои беа снимени мноу документарни емисии. Еве како денес живеат.

Цели 29 години Ебигејл и Британи Хенсел живеат најдобро што можат и покрај своите физички ограничувања. Кога дошле на свет, лекарите немале некои светли прогнози за нив. Меѓутоа, тие успеале да ја преминат секоја препрека која им ја поставил животот.

Ебигејл и Британи се родени на 7. март 1990 година во Минесота. Се до самото породување лекарите биле уверени дека мајката чека само едно девојче - ултразвукот не покажувал никаков проблем.

Според статистиката, од 30 милиони сијамски близнаци, само едни остануваат живи. Внатрешните органи на другиот откажуваат после 24 часа од породувањето. Меѓутоа, и покрај лошите прогнози на лекарите, двете девојчиња го дочекаа првиот роденден.

Опцијата за раздвојување не доаѓала во предвид затоа што едната од нив ќе морала да умре. И самите девојчиња откако пораснале, одбивале раздвојување. Толку навикнале да се заедно што не можеле да го замислат животот една без друга.

Девојчињата имаат 2 глави, две раце и две нозе, но и две кичми, три белодробни крила, еден црн дроб, два стомака, три бубрези. Го делат кардиоваскуларниот систем и гениталиите. Анатомијата на овие девојчиња е така сложена што лекарите не можат да сфатат како и понатаму функционираат и живеат.

Секоја близначка го контролира својот дел од телото. Не чувствуваат допир на спротивниот дел од телото - Еби не чувствува кога Британи се ракува со некој. Додека биле мали, научиле да ги синхронизираат своите движења и да координираат се заедно. Така успеале да научат да свират клавир, да пливаат, да возат велосипед и да се занимаваат со спорт.

Успеале да завршат факултет и работеле како дадилки. Решиле дека сакаат да бидат учителки. Денес и тоа се - Еби упредава математика и физика, а Британи книжевност и историја. Меѓутоа, добиваат само една плата.

Секогаш бил во центарот на вниманието на медиумите, меѓутоа во 2002 година одлучиле да ги повлечат гласините дека Британи се верила. Денес повремено објавуваат фотографии на социјалните мрежи и не се знае многу за новостите во нивниот живот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега