ФОТО: Православна црква се сруши до темел за време на земјотресот во Хрватска - прославила 2 века постоење, но потресот на го издржала

Во земјотресот кој ја погоди Хрватска, до темел се сруши црквата Вознесение Господово во Мајска Полјана.

Црквата, во народот позната како Млада Недела, е изградена во 1820 година, соопштено е од Србпската православна црква.

Прохијата на Глина оваа година одбележа два века постоење на тој свет храм.

Епископот Герасим изјавил дека на подрачјето на оваа епархија, после серија земјотреси, оштетеми се голем број православни и парохиски домови, но срушени се и многу куќи на Србите и дека ситуацијата е прилично тешка.

Разорен земјотрес во вторникот ја погоди Хрватска, а најмногу настрадаа Петриња, Сисак и Глина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа