ФОТО: Пожари и во Ѓорче Петров - жителите бараат помош

Неколку пожари беснеат на територијата на скопската општина Ѓорче Петров, а најстрашно е кај депонијата во Ново Село, во Орман и во Даме Груев кај касарната, пишува на Фејсбук страницата „Ѓорче Петров“.

„Пожари беснеат низ целата општина, после депонијата во Ново Село, Орман и Ѓорче кај Јурија моментално пожар и во меѓу Ѓорче и Даме Груев кај касарната. Во исто време пола општина моли за вода, Орман, Кучково и најново во Хром! Жителите бараат помош од владата, од ЦУК, а градоначалникот никаде го нема. Голема подршка и благодарност до пожарникарите да не се они тешко нас“, се вели во објавата.

05.08.2021 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега