ФОТО: Пожар беснее во стан на Рузвелтова

Пожар избувна во стан лоциран во зграда на улицата Рузвелтова, спроти седиштето на Специјалното јавно обвинителство.

Станот се наоѓа на петтиот кат на зграда на улицата Рузвелтова, а засега не се знае како избувнал пожарот.

Противпожарните служби со 5 возила и 15 пожарникари се на терен и се трудат да го изгаснат пожарот.

На терен е и Брзата помош, а засега не се знае дали има повредени лица.

ФОТО: Сител

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега