ФОТО: Последната фотографија крие ужасна тајна - страшни детали за убицот од Македонија

Македонски државјанин 36-годишниот Џемаил М. од скопското село Ласкарци, кој до смрт ја избоде својата 32-годишна сопруга, Земира К. на паркинг во австрискиот град Тулин бил припадник на исламската држава.

Како што пишува австрискиот интернет-портал „ОЕ24", Албанецот од Македонија, на неговата последна фотографија на Фејсбук се гледа како позира со испружен показалец на десната рака, што како поздрав го користат и припадниците на Исламска држава.

Според портпаролот на австриската полиција, Џемаил го признал злосторството без каење.

„Да, сакав да ја убијам“, рекол тој и ги шокирал сите.

Инаку, неговото семејство вели дека ги зацрнил и дека не сакаат да го видат.

Тој ја уби сопругата завчера пред супермаркет, пред очите на малолетните деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2019 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега