ФОТО: Поранешниот сопруг на Моника Белучи објави фотографија со постарата ќерка

„Честитки, љубов“, напиша неодамна на Инстаграм францускиот актер Винсент Касел. Тоа беше неговата честитка до ќерката Дева Касел за нејзиниот 16-ти роденден.

Винсент ја доби ќерката Дева во бракот со поранешната сопруга Моника Белучи.

Фотографијата само ја потврди неверојатната сличност меѓу ќерката и мајката.

Убавата Дева веќе започна со манекенската кариера па неодамна сними кампања за славното дизајнерско дуо „Долче и Габана“.

Моника и Винсент се разведоа пред неколку години. Актерот сега е во брак со младата манекенка Тина Кунаки. Тие се во врска од 2016 година, а во 2018 запловија во брачниот живот.

 
 
 
View this post on Instagram

Parabens mon amour #sweetsixteen #manumberone

A post shared by VINCENT CASSEL (@vincentcassel) on Sep 12, 2020 at 12:17am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега