ФОТО: Поранешен рагби играч и трите деца изгореа во автомобил- починала и сопругата

Поранешен рагби играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн.

Роуан Бакстер и децата, на возраст од три, четири и шест години, биле пронајдени мртви во автомобилот, а сопругата Хана Бакстер, на возраст од 31 година, починала подоцна во болница од огромни изгореници. Таа, наводно, скокнала од автомобилот викајќи: „Тој ми истури бензин“.

Трагичниот настан се случил во близина на кампот Хил, во источниот дел на градот.

„Тоа е ужасна сцена“, им рече на новинарите детективот Марк Томпсон.

„Многу е рано во истрагата, но возилото беше целосно во пламен кога пристигна полицијата“.

Полицијата за прв пат била повикана на местото на настанот во 08:30 по локално време.

Роуан Бакстер бил на совозачкото седиште и Хана Бакстер го возела автомобилот, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега