ФОТО: Поради овие фотографии му е укинат азилот на Асанж - фатен во непријатна ситуација

Кавгата околу порција јастог во кревет го чинела Џулијан Асанж азил во амбасадата во Еквадор во Лондон, каде помина 7 години избегнувајќи префрлање во Шведска.

Како што пренесуваат многубројни западни медиуми, азилот на Асанж му го укинал претседателот на Еквадор Лењин Морено, откако во јавноста се појавиле над 200 негови приватни пораку и фотографии како со сопругата ужива на луксузен одмор во Европа и конзумира јастог во хотелскиот кревет.

Тие фотографии предизвикале голем бес во јавноста во Еквадор во моментите кога шефот на државата вовел мерки за штедење во земјата. Морено го обвинил Асанж дека стои зад објавувањето на овие фотографии, што основачот на Викиликс демантирал. Откако е исфрлен од зградата на амбасадата, а британските власти го уапсиле поради кршење на условната слобода, Морено порачал дека Асанж немал право да му го хакне „приватниот телефон“.

На Асанж му се заканува префрлање во Шведска, каде е обвинет за сексуално злоупотребување, како и во САД, која го бара поради објавување на стотини илјаи дипломатски документи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега