ФОТО: Поплавена Венеција - водата навлезе во кафулињата, рестораните, продавниците, а градинките се затворени

Туристите и жителите на Венеција со гумени чизми се пробиваат низ водата која поплави дел од тој град.

Водата ги поплави кафулињата и продавниците, а поради претпазливост затворени се и градинките, пренесува АП.

Во многу од хотелите може да се најдат гумени чизми за еднократна употреба, за да им бидат при рака на туристите.

АП наведува дека во ормарите на граѓаните на Венеција често се наоѓаат гумени чизми над колена.

Метеоролозите предвидуваат уште врнежи денеска подоцна, особено на североистокот на земјата, каде се наоѓа и Венеција, како и Сицилија и другите јужни региони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега