ФОТО: Поминаа 12 години од смртта на српскиот пејач, а неговата ќерка објави нивна прва заедничка фотографија

Поминаа 12 години од смртта на српскиот пејач Нино Решиќ, а неговата ќерка Сандра се присетила како ѝ било соопштено за смртта на татко ѝ.

Нино починал на 43. години од оштетување на панкреасот поради прекумерно конзумирање на алкохол, а Сандра првпат на социјалните мрежи објавила фотографија со татко ѝ.

„Повик. Одам кон болница. Пет пријатели зад мене. Молчат. Молчам и јас. Не дозволуваат да те видам. Ја слушам докторката „Разберете, не можам да ве пуштам. Почина“. И сега, после 12 години, не знам каде отидов после тоа. Ми рекоа „оди дома“. Н е се сеќавам. Досега не објавував наши фотографии. Не сакав патетика. Грди коментари....сега не ме интересира“, напишала Сандра во опис на фотографијата која ја објавила на Инстаграм и додала:

„Заслужен си со голем дел за моето постоење, тогаш и сега. Иако мислат дека е лесно, лавовски се борам да докажам дека не сум само „Презиме“. Легендарноста не можам да ја достигнам. Но, горда сум да запеам твоја песна. А, потоа повеќе не пеам јас...туку хор пред мене. Верувам дека тогаш си среќен. Негде горе“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега