(ФОТО) Полската амбасада во Москва полеана со црвена боја
Непознати лица вчера ја полеале со црвена боја полската амбасада во Москва. Потегот следува откога Русија од Варшава побара официјално извинување за инцидентот кога со црвена боја беше испрскан руски амбасадор во Полска.
Во понеделникот украински поддржувачи во Варшава со црвена боја полеаја руски амбасадор додека тој чекорел да положи венец во знак на сеќавање на победата во Втората светска војна.
Руското Министерство за надворешни работи вчера го повика полскиот амбасадор Кристоф Крајевски да му врачи протесна нота поради скандалозниот напад. Беше побарано и официјално извинување од полската Влада.
„Одлуката за следните чекори ќе биде донесена врз основа на реакцијата на Варшава на нашите барања“, наведе руското Министерство.
Истиот ден црвена боја е фрлена на зградата во која се наоѓа полската амбасада во Москва.
The Polish Embassy in Moscow has been doused in red paint, in a presumed act of retaliation for the dousing of the Russian Ambassador to Poland. pic.twitter.com/MIGhBqoPK8
— Visegrád 24 (@visegrad24) May 11, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа