ФОТО: Полицијата затекнала стравична глетка во куќа во Флорида - семејство занемарувало 3 деца

Полицијата на 20. октомври во градот Еџвотер на Флорида, затекнала страшна глетка.

Имено, при проверка поради дојава за можно лошо постапување со малолетници, полицијата пронашла занемарени три деца кои живееле во истата куќа со 245 различни животни.

Полициската станица на својата Фејсбук страна споделила фотографии од куќата во која престојувале децата и во чиј опис било наведено дека на полициските службеници веднаш им било јасно дека ниту децата, ниту животните не биле правилно згрижени.

Полицијата во куќата нашла мртво заморче, мувлосана храна, а на подовите измет и мокрача од животни.

Мелиса Хамилтон, Грег Нелсон и Сузан Нелсон се обвинети за три точки од законот за злоставување на деца и 66 точки поради негрижа кон животните.

Социјалната служба, малолетниците на возраст од 8,9 и 10 години ги преместила кај одговоренчлен од семејството а животните биле предадени во засолниште во Еџвотер.

Семејството во домот имало 4 кучиња, две мачки, десет заморци, 12 зајаци, четири хрчаци, 14 птици. желки, 95 глувци, 83 стаорци и други животни.

На фотографиите кои ги снимила полицијата, се гледа измет на подот од спалната соба и валкани душеци, валкан фрижидер со расипана храна, како и расфрлано сено и кафези низ целиот стан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега