ФОТО: Полицијата упадна во дом на битолчанец - Криел цел арсенал оружје

Врз основа на Наредба за претрес на дом издадена од судија на предходна постапка од Основен  суд Битола, од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, извршен е претрес во домот на 34-годишниот  Д.Г. од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 "недозволено изработување, држење, и тргување со  оружје и распрскувачки материи" од Кривичниот Закон.

При претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени:еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.

За настанот е известен надлежен  обвинител од ОЈО Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега