ФОТО: Пита, торта и радост во домот - таткото на македонскиот музичар наполни 93 години

Денес татко ми наполни 93 години, а со мајка ми се заедно близу 70 години, вели Перо Камиказа од „Меморија“, кој заедно со семејството во домашен амбиент го прославија роденденот на неговиот татко. Музичарот на социјалните мрежи сподели и фотографии до роденденот одржан во семејна атмосфера.

„Исклучително горд на тоа дека на скоро 60 години, сеуште сум дете за тато и мама. Во услови на пандемија само скромен фамилијарен албумм, малку пита, торта и радост еден тон. Да даде господ уште долго да се радуваме на нивната љубов. И да, за историја не ми требаат разноразни комисии, имам жива македонска енциклопедија со бистар ум како на дечко“, напиша Перо Камиказа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега