ФОТО: Пекарот Сашо дели храна на сиромашните и не бара ништо за возврат

Сашо Темелковски од Ужице е сопственик на пекара, кој секојдневно ги поклонува своите пекарски специјалитети на сиромашните дечиња, на постарите лица кои немаат услови за живот, како и на спортистите кога тргаат на натпревар и не бара ништо за возврат на добрината која ја прави.

Поранешниот спортист вели дека дневно се случува да поклони и 20 пецива.

- Не им помагам само на сиромашните туку и на оние кои моментално немаат пари, вели Сашо за српскиот Еспресо.

Тој не им бара пари, надомест ниту вели да донесат кога ќе имаат, едноставно од срце им ги поклонува.

- Се случива да се гладни, да немаат пари да платат, зарем да не им дадам јадење, вели хуманиот човек.

Има сопруга и пет деца и не очекува помош од никого, вели секој оди по својот пат и си ја гледа својата работа.

Браво за хуманиот Сашо!

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега