Фото: Паника во Црна Гора - алигатор од половина метар слободно плива среде населба

 

Фотографија од млад алигатор кој наводно е снимен во Подгорица, предизвикала паника во Црна Гора. Рептил од половина метар кој пливаво мочуриште веќе со денови предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Засега не е познато кога настанала фотографијата и дали рептилот воопшто е фатен.

Ова не е првпат младенче алигатор да се забележано во Црна Гора. Минатата година бил фатен алигатор од 80 сантиметри. Припадниците на Службата за заштита и спасување на Будва имале голем проблем додека им бегал.

Алигаторот потоа бил однесен во етно-село, каде сопственикот на ресторанот има рибник и мини зоолошка градина.

 

 

 

19.06.2018 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа