ФОТО: Панчо „ДНК“ се фотографираше со вработени во Комунална хигиена - „Сите сме исти, само со различни судбини“

Поради пандемијата коронавирус, пејачите во земјава останаа без никаков прилив на пари и работен ангажман. Некои од нив протестираа поради новите мерки на Владата, а некои од нив одлучија да ја променат професијата и да почнат да придонесуваат во семејството.

Македонскиот хип-хоп изведувач Владимир Блажев во јавноста познат како Панчо од ДНК во последно време е актуелен во јавноста поради професиите во кои се испроба.

Прво работеше како пица мајстор во еден скопски ресторан, потоа се обиде да произведува и кравјо сирење, истакнувајќи дека нема леб од музиката и дека нема срам од работа.

Со своите хумани гестови и поддршката на различните професии, од кои многумина бегаат, Панчо доби многу позитивни коментари и поддршка од фановите.

Овој пат тој се фотографираше во вработени во ЈП Комунална хигиена во Скопје и им се заблагодари што се грижат за хигиената во нашиот град.

-Мајка ми од секогаш ме воспитуваше да ги респектирам хигиеничарите со иста почит како што ги респектираат директорите или луѓето кои се на повисоки функции и позиции, и можеби затоа од секогаш сум бил на страната на вработените и сакам да верувам дека сите сме ИСТИ.

Вчера вечер враќајќи се накај дома, ги приметив Мамет, Адем и Ризван како се возат на камионот на комунална хигиена. Луѓе кои работат на минусни и пеколни температури само за да обезбедат егзистенција за себе и своето семејство. Застанаа кај контејнерите да ги испразнат и да си ја завршат работата па ми дојде некако спонтано да застанам и јас. Имав некој колачи ( 2 кутии ) па ги земав со мене излегов, ги поздравив и ги замолив да ги прифатат како благодарност за тоа што ни го чуваат Скопје да е колку толку почисто. 

Се погледнаа меѓу себе видно изненадени па Ризван рече дека е во ред ги зема и ми се заблагодари па потоа и сите останати. На крај едниот од нив, Мамет ме препозна ( најмалце битно во случајов) па им дадов и по едно цд од ДНК. Поентата ми е дека сите сме ЛУЃЕ, сите сме ИСТИ само со различни судбини, а на крајот на денот сакам да верувам дека секогаш ЉУБОВТА, ПОЧИТТА и ШИРОКО ПОДАДЕНАТА РАКА победува, напиша Панчо во опис на фотографијта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега