ФОТО: Памела Андерсон се соблече целосно гола и покажа зошто сè уште е сон на многу мажи

Американската актерка Памела Андерсон се соблекла целосно гола и со своето тело ги воодушевила фановите ширум светот, а сè во знакот на промовирање на веганството и заштита на животните.

Славната русокоса која се прослави во серијата “Baywatch” ја соблекла облеката од себе и позирала за еден бренд на чанти кои не се изработуваат од кожа, туку од синтетички материјали. 

Памела позирала на кревет целосно гола, прекриена со латици од роза и била опкружена со цвеќиња во разни бои. Нејзиното тело како и секогаш изгледа перфектно затегнато, а препознатливата руса коса ѝ паѓала преку грбот. Со ваквата фотографија, актерката покажала зошто сè уште е сон на многу мажи ширум светот.

Андерсон е позната како голем борец за правата на животните, а своевремено бараше реалити ѕвездата Ким Кардашијан да престане да носи вистинско крзно и да почне да користи еко крзно.

Брендот за кој таа се фотографирала не убива животни за изработка на чанти, а внатрешноста на чантите се изработува од материјали настанати од рециклирани пластични шишиња.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега