ФОТО: Падна дрво кај Холидеј Ин

Краткотрајното невреме предизвика да падне уште едно дрво, овојпат зад паркингот кај Холидеј Ин.

-Уште едно навидум здраво и зелено дрво падна после денешното невреме, овој пат зад паркингот кај Холидеј Ин. За среќа, нема повредени граѓани, но оштетени се две паркирани возила, информира градоначалникот Саша Богдановиќ на Фејсбук.

Во скопската населба Дебар Маало, во близина на влезот на основното училиште „Коле Неделковски“ минатиот месец падна дрво кое исто така беше со исушени корени и повреди дете, кое за среќа помина само со гребеници.

Паднато дрво имаше и  на улицата „Орце Николов“ во Скопје минатиот месец, и тогаш градоначалникот појасни дека се работи за болно  и старо дрво.

 

 

 

17.08.2021 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа