ФОТО: Ова момче привлече големо внимание на погребот на Српскиот патријарх- познато кој е и од каде доаѓа

 

Голем број граѓани и свештени лица присуствуваат на погребот на патријархот Иринеј во Храмот Свети Сава.

Во Храмот Свети Сава во Врачар, каде што е изложен ковчегот со телото на патријархот Иринеј, белградските свештеници завршија со читањето на Евангелието над гробот на поглаварот на Српската православна црква и започна службата.

Посебно внимание на јавноста и привлече едно младо момче кој беше дел од свештените лица во Храмот.

Имено, станува збор за корејскиот ѓакон на митрополитот Иларион Алфејев, кој е и претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Руската православна црква.

Литургијата во Храмот Свети Сава започна во 9:00 часот, меѓу присутните е скоро целиот државен врв, но и бројни амбасадори, како и политичари од регионот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега