ФОТО: Ова е таткото кој 9 години си ги држел децата заробени во подрум - сакал да се фотографира за Фејсбук

Холанѓанецот Герит Јан ван Дорстен е таткото осомничен дека ги чувал своите 5 деца 9 години заробени во подрум на фарма,а објавувал фотографии на Фејсбук и снимки во кои говорел за борбата меѓу доброто и злото.

Тој го користел псевдонимот Џонг Иглс, а често објавувал и фотографии од природа и цвеќиња, но и свои фотографии додека вежба. Така на една снимка се гледа и како „весла“ на машина која сам ја направил, како и фотографии на кои вежба тај чи чуан.

Ван Дорстен припаѓа на култот Муни култ, познат како „црква на обединетите“, а децата ги чувал со години надвор од реалноста.

Пред него уапсен бил 58-годишниот Австралијанец, Јозеф Брунер, кој живеел во таа куќа под исти услови.

Семејството Ван Дорстен е пронајдено откако најстариот син Јан Зон ван Дорстен во неделата отишол до најблискиот бар, нарачал пет пива и помабарал помош.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега