ФОТО: Ова е рускиот ученик кој го искасапил целото семејство за да не ја гледаат неговата смрт

Русија е во шок откако тинејџер си го уби семејството и изврши самоубиство, најверојатно поради љубомора.

Рускиот ученик Тимур Кималетдинов (16) направил масакр во својата семејна куќа и ја убил својата мајка, баба и дедо и близнаците братот и сестрата (4). Тој злосторството го направил пред да се самоубие, затоа што знаел дека тие ќе бидат тажни кога тој ќе биде мртов.

Тимур со секира го извршил крвавиот пир во три часот наутро, а причината е наводно бидејќи неговата мајка поголемиот дел од времето го минувала со близнаците кои биле мали.

Откако ја ликвидирал целата фамилија, тинејџерот си го одзел животот со скок од телефонски предавател.

Во писмото кое го оставил на кујнската маса рекол дека „го сака своето семејство, посебно баба му Лидија (69) и дедо му Виктор (66) и дека е штета што ќе ги убие“. Во текстот навел дека го извршил убиството, затоа што не сакал двојката да биде „тажна“ заради неговата и смртта на своите блиски роднини.

Ученикот двајцата „најсакани“ ги убил во кревет, а потоа на својот пријател Евгениј му оставил гласовна порака велејќи дека било лесно да ги убие.

Соседите пронашле пет осакатени тела со „длабоки убодни рани од секира“, откако станало сомнително тоа што бабата и дедото не излегуваат во својот двор како и вообичаено во недела наутро во руското село Патрикево.

Момчето редовно победувало на академските натпреварувања за одлични ученици во својот регион. Соседите го опишале Тимур како „гордост на семејството“ заради сите негови успеси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2019 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега