ФОТО: Ова е полицаецот кој загина во сообраќајката во Драчево - пријателите се збогуваат од него

На социјалните мрежи пријателите на загинатот полицаец кој е една од жртвите во синоќешната сообраќајка во Драчево и се збогуваат од него. Тие објавија фотографија од човекот кој го возеше реното и изгуби контрола и удри во камион. 

На булеварот „Борис Трајковски “ во Скопје, вчера во 23: 40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот М.Ј. од Скопје и патничко возило „Рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ј.Л. од Скопје.

-Во незгодата возачот Ј.П. и сопатниците возилото „Рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција, информираат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега