ФОТО: Ова е момчето кое вчера загина во ужасната сообраќајка во Белград

Бојан Периќ, 31- годишен возач на градкиот автобус на линијата 15 во Белград, загинал вчера рано наитро, во тешка сообраќајка која ја предизикал возачч на автомобил марка „пежо“, 22- годишмниот Адам Р.

Се сомнева дека Адам не застанал на црвено на раскрсница.

-Сѐ се случило вчера рано наутро во 4 часот. Автомобилот се движеше со огромна брзина и не застана на црвено, па прво удри во еден автобус, а потоа во другот кој му доаѓаше од спротивната страна, по што еден од автобусите одлета на тротоарот и го сруши семафорот, наведува извор за Курир.рс.

Бојан го возел автобусот кој излетал на тротоарот и загинал на лице место, а со повреди се здобил и другиот впозач на автобусот како и една од патничките во автобусот, а со повреди се здобил и возачот на автомобилот.

Утврдено е дека Адам управувал со автомобилот со пробна возачка, а пронајдена е и кесичка со сомнителна билка за која се верува дека е марихуана.

- Се сомневаме дека Адам ја видел полициската контрола која поминувала од тука, па помислил дека ќе го сопре, а со оглед дека имал мала количина марихуана кај себе и со оглед на тоа дека возел со пробна дозвола во 4 наутро, што не е дозволено, можно е да дал гас за да побегне и да избегне да го сопрат- објаснува изворот.

Сепак утврдено е дека тој не бил пијан по направен алкотест, а се очекува и езултати од направениот тест за наркотици во крвта.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега