ФОТО: Откорнати дрва и покриви по силното невреме во скопски Аеродром

Комуналните екипи на Општина Аеродром и на Град Скопје ги санираат последиците од силниот ветар што синоќа предизвика штета на повеќе локации во Скопје, информираат од Општина Аеродром.

„Невремето остави откорнати дрвја и покриви и на територијата на Општина Аеродром. Службите од утринава работат на расчистување на теренот, кастрење и собирање на гранките од улиците, патеките и влезовите пред училиштата и градинките.

 

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да пријават доколку забележат паднати дрвја и поголеми гранки, со цел комуналните служби да излезат навремено и да го расчистат теренот“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега