ФОТО: Огромен пожар во Москва ја однесе првата жртва - загина чувар на електрана, 13 повредени

Една лице починало, а 13 се повредени во голем пожар кој денеска изби во гасна електрана во близина на Москва, пренесуваат руските власти.

Според овие информации, во големиот пожар, починал еден од чуварите на централата, додека 12 лица се полесно повредени, а едно лице се наоѓало во тешка состојба.

Пожарот избил во 11.00 часот по локално време и се проширил на површина од повеќе од илјада квадратни метри и ја зафатил административната зграда и магацинот.

Пожарникарите во попладневните часови соопштиле дека пожарот е изгаснат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега