ФОТО: Очајната домаќинка прими прва посета - актерката првпат фотографирана во затвор

Актерот Вилијам Мејси заедно со ќерката Џорџија, викендов ја посетил американската актерка и негова сопруга во затвор, каде актерката била фотографирана во зелен затворски комбинезон, кој мора задолжително да го носи.

Актерката веќе седум дена служи казна во установа во Калифорнија, каде изминатиот викенд ја посетиле сопругот и ќерката.

Фелисити Хафман, позната по улогата во хит серијата „Очајни домаќинки“ од вторникот се наоѓа на издржување на казна затвор во Калифорнија, а викендов папараците ја фотографирале во затворско одело.

Ѕвездата на серијата, како што пишуваат американските медиуми, не делувала многу нервозно ниту уморно, затоа што во затворот има се што ? е потребно. Има козметика, теретана, а може да гледа и филмови. Наскоро излегува, затоа што ? останале неколку денови до истекување на казната.

Фелисити во средината на септември беше осудена на 14 денови затвор поради вмешаност во афера врзана за упис на колеџ, кога платила луѓе за резулататите од тестовите да одат во корист на ќерка ?. Фелисити ја признала вината, а казнета е со 30.000 долари парична казна и со 250 часа друштвено корисна работа. Таа е една од 34. родители обвинети во таа афера.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега