ФОТО: Обезбедувањето влегло без најава во музејот - детали за престојот на ќерката на Трамп во Белград

Тифани Трамп веќе неколку дена престојува во Белград, каде посетува разни знаменитости на градот.

Таа цел ден во понеделникот посетувала важни места на главниот град како што е црквата Севти Сава. музејот Никола Тесла, шопинг-центар, но и пиела кафе во самиот центар на градот.

Половина час пред нејзиното доаѓање во музејот Никола Тесла, нејзиното обезбедување дошло во објектот да провери каква е безбедносната ситуација.

-После проверката заминаа и без најава се вратија, но со ќерката на Трамп. Рекоа дека е таа. Многу е симпатична и насмеана. Личи на татко ?, така сите искоментиравме. Ја интересираше животот на Тесла и работата и се детално разгледа - реколе еден од вработените во музејот, наведувајќи дека покрај Тифани, во музејот имало и други посетители, кои не ни знаеле дека таа е ќерка на американскиот претседател.

-Го изгледа филмот за Тесла со внимание. Се задржа половина час - вели вработен во музејот.

 

 
 
 
View this post on Instagram

Поздрав из Србије 

A post shared by Tiffany Ariana Trump (@tiffanytrump) on Mar 12, 2019 at 5:25am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега