ФОТО: Новата ЕУ комесарка има бурна кариера зад себе - била и актерка и Мис Малта

Хелена Дали, новата европска комесарка за родова рамноправност, доаѓа од Малта и има интересна кариера зад себе.

Во полициката влегла во 1996 година, а пред тоа била мисица и актерка.

Дали, која тогаш се презивала Хелена Абела, победила на натпреварот за Мис Малта пред 40 години и продолжила да ја претставува Малта на натпреварот за Мис свет во Лондон.

Шест години подоцна, продолжила со актерска кариера и глумела во италијанско-американскиот акционен филм „Final Justice“. Младата Хелена имала улога на упорна полицајка Марија Касаре, во потрага по мафијашот кој го убил својот партнер.

После тоа се свртела кон полицитката во која имала најголем успех. Се приклучила во Лабуристичката партија на Малта и оттогаш дури 6 пати е бирана за пратеничка.

После изборот во 2017 година станала одговорна за односите на ЕУ и Малта и граѓанската слобода.

Во брак е и има две деца, како и докторат за политичка социологија. Исто така предава економска и политичка социологија, јавна политика и правна социологија на Универзитетот во Малта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 19:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега